понеделник, 13 април 2026

Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот (ВИДЕО)

Вулканот Килауеа на Хаваите повторно еруптираше во петокот, исфрлајќи спектакуларни лакови од лава високи до 30 метри над кратерот. Ова е 31-ви пат еден од најактивните вулкани во светот да ја покажува својата сила од декември минатата година, пренесува НПР.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Северниот отвор на кратерот почнал континуирано да исфрла лава во утринските часови, а неколку часа подоцна стопената карпа почнала да се прелева. Во попладневните часови следеа впечатливи фонтани од лава. За среќа, ерупцијата е ограничена на кратерот на врвот и нема опасност за населените места.

Научниците не можат да предвидат со сигурност како ќе заврши сегашната ерупција. Сличен модел на повторувачки ерупции е забележан и претходно, на пример во 1959, 1969 година и за време на ерупција што започна во 1983 година и траеше три децении.

Вулканот се наоѓа на најголемиот остров на хавајскиот архипелаг, на 320 километри од најголемиот град Хонолулу.

Ерупцијата значително го зголеми бројот на посетители во националниот парк каде што се наоѓа вулканот. Портпаролката на паркот, Џесика Феракан, им советува на сите што сакаат да ја видат лавата да ги следат најавите на Геолошкиот завод на САД, бидејќи епизодите на ерупција можат да бидат краткотрајни.

Таа ги предупреди посетителите да се придржуваат до обележаните патеки поради нестабилните рабови на карпите и скриените пукнатини во земјата. Исто така, вулканскиот гас, стаклото и пепелта можат да бидат опасни, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ