среда, 1 април 2026

Ердоган: За незаконската војна против Иран е одговорна израелската влада

Владата на Израел ја сноси главната одговорност за сегашната „нелегална војна“ против Иран, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој го изрази своето мислење за време на обраќањето пред пратеничкиот клуб на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во главниот град Анкара, пишува агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израелската влада ја носи главната одговорност за оваа нелегална војна, која не само што го претвори нашиот регион во воена зона, туку и наметна економски товар врз целото човештво“, кажа Ердоган. „Не смее да се заборави дека секоја капка крв пролеана во војната ќе го продолжи политичкиот опстанок на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“, додаде тој.

„Се надеваме дека патот кон мирот ќе биде отворен без понатамошно крвопролевање. Ќе продолжиме да правиме сè што е во наша моќ за да го постигнеме тоа, дури и ако се изложиме на ризик“, заклучи турскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ