„Ги ангажиравме сите дипломатски канали за да го зачуваме територијалниот интегритет на Сирија и да спречиме создавање терористичка структура преку нашите граници. И продолжуваме да ги користиме истите канали трпеливо, искрено и со здрав разум“, кажа Ердоган на настанот одржан по повод повторното отворање на парламентот.
„Доколку дипломатските иницијативи останат без одговор, политиката и ставот на Турција се јасни. Турција нема да дозволи да се случи дежа ву во Сирија“, додаде тој.
Анкара ги смета СДФ (курдските Сириски демократски сили) за терористичка организација и предупреди за воена акција доколку не се интегрира во сирискиот државен апарат во согласност со договорот со официјален Дамаск.






