сабота, 12 јули 2025

Ердоган: Трамп ќе дојде на мировните преговори во Истанбул ако дојде и Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговиот американски колега Доналд Трамп му потврдил дека ќе учествува во потенцијални мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, ако и рускиот претседател Владимир Путин се согласи да учествува.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На враќање од самитот на НАТО каде што се сретна со Трамп за прв пат откако американскиот лидер се врати во Белата куќа, Ердоган кажа дека му рекол на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери во Турција на мировни преговори.

„Тој (Трамп) рече: „Ако рускиот претседател Владимир Путин дојде во Истанбул или Анкара за решение, тогаш и јас ќе дојдам““, го цитираше кабинетот на Ердоган во четвртокот.

Ердоган кажа дека ќе бидат воспоставени „потребните контакти“ со цел „да се одржи состанокот што е можно поскоро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ