петок, 2 јануари 2026

Ердоган: Тоа што го направи фараонот Нетанјаху нема да помине неказнето

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека во понеделник ќе разговара по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во понеделник ќе имаме уште еден разговор со американскиот претседател Доналд Трамп“, рече Ердоган, истакнувајќи дека телефонскиот повик ќе се одржи попладне.

Зборувајќи за огромната поддршка на турската јавност за Палестина на Нова Година, Ердоган кажа дека масовниот собир на мостот Галата во Истанбул означил историски момент, покажувајќи дека Палестина не е сама.

„Она што го направи фараонот, наречен Бенјамин Нетанјаху, нема да остане неказнето, бидејќи тој ги навлече клетвите на безброј угнетени луѓе, од млади до стари“, порача Ердоган.

Осудувајќи ги постапките на Израел во Газа и влошувањето на хуманитарната состојба таму, турскиот претседател повтори дека страдањето на децата во Газа, кои живеат во импровизирани шатори при ветер и дожд, нема да остане без одговор и дека Нетанјаху нема да избега од одговорност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ