Зборувајќи за индонезиската телевизија Нараси, Ердоган се осврна на планот на Трамп да расели повеќе од 2 милиони Палестинци од Појасот Газа, да наметне американска контрола над палестинската територија и да ја претвори во „ривиера на Блискиот Исток“.
„Одлуката на Трамп да склучи таков договор со убиец како израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите закани ги гледам како голема закана за светскиот мир“, кажа Ердоган.
„Во овој момент никој не може да им ја одземе Газа на Палестинците, жителите на Газа. Ако се осмели да направи нешто слично, пред сè, е сосема поинаква закана за светскиот мир“, порача турскиот лидер.
Ердоган додаде дека не ги смета за точни изјавите на Трамп, кои се сведуваат на, како што кажа, „предизвици за многу земји во светот“.
„Се надевам дека таквите грешки ќе се отстранат што е можно побрзо и дека глобалниот џин САД брзо ќе се откаже од тие грешки за да може да се најде начин за постигнување глобален мир“, додаде турскиот претседател.
Арапскиот свет изрази гнев, а европските сили длабока загриженост поради предлогот на Трамп Палестинците да бидат трајно преселени од Газа за да се овозможи територијата да се развие како крајбрежно одморалиште под контрола на САД.






