вторник, 30 декември 2025

Ердоган: Израел со своите потези сè повеќе го дестабилизира регионот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот кажа дека Израел се повеќе работи на дестабилизација на регионот, наведувајќи ја како пример одлуката на Тел Авив да го признае отцепениот Сомалиленд. Ердоган ова го изјави во телефонски разговор со кувајтскиот престолонаследник, шеикот Сабах Калед ал Сабах, нагласувајќи дека мора да се поддржи територијалниот интегритет на Сомалија, пишува агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на разговорот, кој ги опфатил билатералните, регионалните и глобалните прашања, Ердоган истакна дека Турција работи на зајакнување на врските со Кувајт во сите области. Тој додаде дека очекува соработката меѓу двете земји да продолжи да се развива.

Турскиот претседател изрази надеж дека реконструкцијата на Газа ќе започне откако ќе се постигне траен прекин на огнот и ќе се воспостави мир. Во тој процес, како што оцени, од големо значење ќе биде соработката меѓу Турција и Кувајт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ