петок, 3 април 2026

Ердоган и Путин разговарале за Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин кажал дека Анкара не ги одобрува нападите врз Иран, но исто така не ги поддржува одмаздничките акции на Иран против земјите во регионот. Според турски дипломатски извори, двајцата лидери разговарале за билатералните односи и регионалните и глобалните прашања, пренесува агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на разговорот Ердоган предупредил дека нападите врз цивилни бродови во Црно Море ја поткопуваат регионалната стабилност. Тој нагласил дека конфликтот на Блискиот Исток не смее да се претвори во нова точка на ескалација во кризата меѓу Русија и Украина.

Турскиот претседател истакнал и дека агресивните политики на израелската влада под водство на премиерот Бенјамин Нетанјаху мора да се спречат. Тој порачал дека не смеат да се дозволат потези што го поткопуваат статусот на Ерусалим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ