вторник, 8 јули 2025

Ердоган го обвини Израел дека ја загрозува безбедноста на целиот регион

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го обвини Израел дека „ја загрозува безбедноста на целиот регион“ за време на телефонскиот разговор со својот руски колега, Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Ердоган изјави дека спиралата на насилство која ја почнаа израелските напади врз Иран ја загрозува безбедноста на целиот регион и дека незаконското однесување на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претставува јасна закана за меѓународниот систем“, се вели во соопштението на турското претседателство.

Денес, во телефонскиот разговор со својот ирански колега Масуд Пезешкијан, Ердоган изјави дека Турција е подготвена да ја игра „улогата на помагач“ со цел да се стави крај на израелско-иранскиот конфликт.

„Претседателот на Турција изјави дека земјата е подготвена да преземе посредничка улога со цел веднаш да се стави крај на конфликтот и да се продолжат преговорите за нуклеарниот потенцијал на Иран“, се вели во соопштението на претседателството.

Израел ги продолжи нападите врз Иран четврта ноќ по ред. Рано утрово беше објавено дека во текот на изминатата ноќ биле гаѓани воени локации со ракети земја-земја, потоа Техеран, светиот град Машхад на крајниот североисток од земјата и воени објекти на запад. Техеран одговори со нови ракетни напади врз израелски градови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ