сабота, 11 април 2026

Ердоган го нападна Израел: Конфликтот ескалира

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека на претстојното Генерално собрание на ОН во Њујорк ќе ја покрене темата за „масакрот“ што Израел го врши во Појасот Газа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ердоган изрази надеж дека поширокото признавање на Палестина може да ги забрза напорите за решение со две држави.

Ердоган им изјави на новинарите пред да замине за Њујорк дека за време на посетата ќе разговара за трговската соработка и одбранбената индустрија со претседателот на САД, Доналд Трамп, како и за средба со сирискиот претседател Ахмед ал-Шарах, пренесе Ројтерс.

Осумдесеттата редовна сесија на Генералното собрание на Обединетите нации беше отворена на 9 септември 2025 година и ќе трае до 8 септември 2026 година. Претседател на 80-тото Генерално собрание е поранешната германска министерка за надворешни работи од редовите на Зелените, Аналена Бербок, се вели во соопштението на оваа меѓународна организација.

Темата на овогодинешното заседание е „Подобро заедно, 80 и повеќе години за мир, развој и човекови права“. Дебатата на високо ниво ќе се одржи од 23 до 27 септември и ќе заврши на 29 септември 2025 година. Се очекува 195 делегации да учествуваат на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ