понеделник, 8 декември 2025

Ердоган до своите поддржувачи: Прво јас ќе ја посетам Газа, па потоа вие

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека планира да ја посети Газа по неодамна објавеното примирје меѓу Хамас и Израел, нарекувајќи го договорот „горчливо-сладок“ чекор кон мирот и изразувајќи надеж за трајна стабилност на палестинските територии.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на собранието на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во градот Ризе, Ердоган го поздрави примирјето како момент на олеснување за жителите на Газа по месеците уништување. „Целосно го поддржуваме секој проект кој трајно ќе го запре масакрот и геноцидот што се случуваат во Газа веќе две години“, кажа тој, а пренесува Дејли сабах.

„Турција се надева дека новиот договор за примирје меѓу Израел и Хамас ќе доведе до траен мир, смиреност и безбедност во Газа и другите палестински територии“, додаде Ердоган.

Реагирајќи на скандирањата во чест на Газа за време на својот говор, Ердоган им кажа на присутните: „Прво јас ќе одам во Газа, а потоа вие“. Тој истакна и дека Израел мора да ги почитува условите на примирјето и да ги запре агресивните дејства кои ја загрозуваат регионалната безбедност.

Ердоган го пофали Хамас за „многу разумниот став“ што го покажа со согласувањето за прекин на огнот. Тој потврди дека Турција ќе продолжи да го поддржува палестинскиот народ. „Насмевки, иако горчливо-слатки, почнаа да се појавуваат во Газа по уништувањето. Јас лично ги поздравувам Палестина и Палестинците“, истакна тој.

Неговите коментари доаѓаат откако Турција објави дека ќе обезбеди техничка поддршка и ќе учествува во работна група за следење на спроведувањето на планот за прекин на огнот во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ