понеделник, 9 јуни 2025

ЕП го поддржа воведувањето високи царини за ѓубрива и храна од Русија и Белорусија

Европратениците во Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Брисел го поддржаа големото зголемување на царините за увоз на ѓубрива и одредени земјоделски производи од Русија и Белорусија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Парламентарците го поддржаа предлогот на Комисијата за зголемување на царинските давачки за увоз на одредени земјоделски производи, како што се шеќер, оцет, брашно, месо, млечни производи, овошје, зеленчук и храна за животни, за 50 проценти. Царинските давачки за ѓубрива на база на азот увезени од Русија и Белорусија ќе бидат 6,5 проценти и дополнителни 40 и 45 евра по тон оваа и следната година. Потоа, во 2027 и 2028 година, овие давачки ќе се зголемат на 430 евра по тон.

Со воведувањето царини, ЕУ сака да ги намали приходите на Русија и Белорусија од извоз на ѓубрива, кои се користат за финансирање на војната во Украина. Царините треба да стапат на сила на 1 јули.

Предложените мерки значително ќе го намалат увозот на овие стоки во ЕУ, без разлика дали доаѓаат директно од Русија или Белорусија или индиректно преку трети земји. Се очекува ова да резултира со понатамошна диверзификација на производството на ѓубрива во ЕУ, на што моментално влијаат ниските цени на увозот.

Оваа одлука сега треба да биде потврдена од Советот на ЕУ, а по објавувањето во службен весник, таа ќе почне да се применува. Во јануари оваа година Комисијата предложи воведување царини за увоз на уреа и азотни ѓубрива од Русија и Белорусија, кои значително се зголемија во текот на изминатата година, зголемувајќи ја зависноста на ЕУ од овие две земји и потенцијално загрозувајќи ја безбедноста на храната.

Претходно ЕУ воведе високи царини за увоз на жито од Русија и Белорусија. Новите царини ќе се применуваат на 15 проценти од увозот на земјоделски производи од Русија, кои претходно не подлежеа на царини, во вредност од 380 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ