вторник, 17 март 2026

Енциклопедија Британија го тужи ОпенАИ

Енциклопедија Британика и нејзината подружница Меријам-Вебстер поднесоа тужба против ОпенАИ во американски суд, тврдејќи дека ги злоупотребува нивните материјали во „обуката“ на моделите на вештачка интелигенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ОпенАИ користи онлајн статии и енциклопедии и записи од речници за да го „обучи“ ЧетГПТ и со сижеа на содржините во одговор на прашањата на корисниците го „канибализира“ британскиот интернет сообраќај на Британика, според тужбата поднесена во петокот во федералниот суд во Њујорк.

Британика тврди дека речиси 100.000 статии се нелегално копирани, додавајќи дека ЧетГПТ произведува „скоро буквални“ копии од нејзините енциклопедиски содржини, дефиниции од речници и други содржини и ѝ ги „краде“ корисниците.

ОпенАИ е обвинет и за кражба на интелектуална сопственост и погрешно цитирање на Британка во лажни АИ „халуцинации“. Терминот опфаќа неточни одговори на вештачката интелигенција на прашања, почнувајќи од недоследности до измислени или контрадикторни информации.

Британика бара парична отштета, не прецизирајќи го износот и забрана за блокирање на она што го нарекува нелегална практика.

Портпаролите и адвокатите на Британика не одговориле веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за тужбата.

Портпаролот на „ОпенАИ“ изјави дека нивните модели „ја напојуваат иновацијата, се обучени врз основа на јавно достапни податоци и се засноваат на фер употреба“.

Сопствениците на авторски права, вклучувајќи ги авторите и новинските куќи, веќе поднесоа серија тужби против технолошките компании за неовластено користење на нивните материјали за обука на системи за вештачка интелигенција.

„Британика“ поднесе слична тужба против стартапот за вештачка интелигенција „Перплксити АИ“ минатата година.

Компаниите за вештачка интелигенција генерално одговараат дека нивните системи користат содржина заштитена со авторски права во добра намера, трансформирајќи ја во нешто ново, според „Ројтерс“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ