среда, 9 април 2025

Ен-би-си: Трамповите соработници го советуваа да не му се јавува на Путин

Советниците на американскиот претседател Доналд Трамп го советуваа да не разговара и да не му се јавува на рускиот претседател Владимир Путин додека Кремљ не се согласи на прекин на огнот во Украина, објави Ен-би-си њуз, повикувајќи се на две анонимни официјални лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На 30 март, Трамп рече дека му е „многу лут“ на Путин поради немањето напредок во преговорите, но дека планира наскоро да разговара со него. Последен пат двајцата претседатели разговараа на 18 март, додека во Саудиска Арабија се водеа мировни преговори за ставање крај на руската војна против Украина.

Иако Трамп на крајот на март рече дека сака наскоро да му се јави на Путин, повикот се уште не е закажан. Официјални лица велат дека неговите советници се противат на идејата додека Путин не се согласи на целосен прекин на огнот.

Ен-би-си пишува и дека не е исклучено Трамп одеднаш да одлучи дека сепак сака да разговара со рускиот претседател, без оглед на препораките на советниците.

Русија засега не покажува дека е подготвена сериозно да пристапи кон мировен договор. Во преговорите со Украина и со САД, руските власти поставија максималистички барања на кои дури ни Америка, а особено Украина, не се подготвени да се согласат.

Киев на 11 март го прифати американскиот предлог за целосен прекин на огнот на 30 дена и рече дека е подготвен веднаш да го спроведе доколку Москва се согласи. Но, руската страна досега тоа го одбиваше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ