Масијас беше повторно уапсен во јуни, речиси една година откако избега од затвор со максимална безбедност, каде што отслужуваше 34-годишна казна за низа кривични дела.
Како што изјави неговиот адвокат за Ројтерс, Фито денес ќе се појави пред федералниот суд во САД, каде што ќе се изјасни за невин по меѓународните обвиненија за трговија со дрога и оружје.
Тој е осомничен и за нарачување убиство врз претседателски кандидат во 2023 година.
#Atención| José Adolfo Macías Villamar, alias “Fito”, fue extraditado a los Estados Unidos, la tarde de hoy, 20 de julio. “Fito”, fue trasladado desde La Roca, hacia el aeropuerto de Guayaquil, donde embarcó en un avión del Departamento de Justicia de Estados Unidos y partió… pic.twitter.com/9oUAnWJVFl
— Diario El Mercurio (@elmercuriomanta) July 20, 2025
Масијас беше водач на бандата Лос Чонерос, која има врски со моќни криминални организации во Мексико и на Балканот.
Тој е осомничен и за нарачување на убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилавиченсио во 2023 година.
Бандата Лос Чонерос многумина ја обвинуваат дека го претворила Еквадор од туристичка дестинација во една од земјите со највисоки стапки на убиства во регионот.
Денес, повеќе од 70 проценти од светското производство на кокаин поминува низ еквадорските пристаништа. Земјата се наоѓа помеѓу Колумбија и Перу, двата најголеми извозници на кокаин во светот. Во јуни, полицијата го лоцираше Масијас во она што го опишаа како подземен бункер под луксузна вила во градот Манта.
По апсењето, тој беше префрлен во затворот Ла Рока, објект со максимална безбедност. Во тоа време, еквадорскиот претседател Даниел Нобоа ги пофали безбедносните сили за неговото апсење и објави дека ќе биде екстрадиран во Соединетите Држави. Еквадорската национална казнено-поправна служба (СНАИ) објави дека Масијас е изнесен од затвор вчера наутро и предаден на американските власти.
„Масијас и јас ќе се појавиме утре пред федералниот суд во Бруклин, каде што тој ќе се изјасни за невин. Потоа тој ќе биде задржан во затвор, кој сè уште не е одреден“, изјави вчера за Ројтерс неговиот адвокат Алексеј Шант.
Еквадорците гласаа на референдум за да дозволат екстрадиција на своите граѓани, по иницијатива на претседателот Нобоа, кој најави решителна борба против растечката стапка на криминал.
Во март оваа година, Нобоа во интервју за Би-би-си изјави дека сака во борбата против криминалните банди да му се придружат и војските на Соединетите Американски Држави, Европа и Бразил.






