вторник, 13 мај 2025

Еквадор: Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала (ВИДЕО)

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес брегот на Еквадор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), при што се оштетени зградите во градот Есмералдас и привремено е затворен дел од нафтената инфраструктура.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот се случил на длабочина од 23 километри, според ЕМСЦ.

Владата во прелиминарниот извештај соопшти дека едно лице е повредено и дека се оштетени неколку јавни објекти и приватни куќи. Поради земјотресот, во некои области беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Претседателот Даниел Нобоа напиша во објава на социјалната платформа Икс дека владата работи на изградба на засолништа, доставување хуманитарна помош за децата и „помош со сè што му е потребно на населението“.

Државната нафтена компанија Петроеквадор објави дека ги прекинала операциите во рафинеријата Есмералдас и нафтоводот „СОТЕ“ како мерка на претпазливост по земјотресот, без да објави детали за потенцијалното влијание врз производството.

Геофизичкиот институт на Еквадор, кој ја процени јачината на земјотресот на 6 степени, извести за втор земјотрес со јачина од 4,1 степени, кој се случи неколку минути подоцна во провинцијата Гвајас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ