среда, 24 декември 2025

Експлозивна направа рани израелски офицер во Газа, Нетанјаху веднаш се закани со одмазда

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата го обвини Хамас за кршење на договорот за прекин на огнот во Газа, откако воен офицер беше ранет од експлозивна направа во Рафах, а Израел најави одмазда. Од кабинетот на Нетанјаху соопштија дека Хамас мора целосно да го почитува октомврискиот договор, нагласувајќи дека тој предвидува отстранување на милитантната група од власта во Газа, како и демилитаризација и дерадикализација на територијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израел ќе одговори соодветно“, се наведува во соопштението. Израелската армија претходно соопшти дека експлозивната направа оштетила воено возило во јужниот дел на Рафах и дека еден офицер бил полесно повреден. Насилството се намали, но не престана целосно откако примирјето во Газа стапи во сила на 10 октомври, при што страните редовно меѓусебно се обвинуваат за негово прекршување.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека Израел убил повеќе од 400 луѓе на таа територија откако примирјето стапи во сила. Планот од 20 точки што во септември го објави американскиот претседател Доналд Трамп повикува на почетно примирје, по кое би следеле чекори кон подолготраен мир.

Планот, на крај, повикува на разоружување на Хамас и нивно отстранување од власта во Газа, како и на повлекување на Израел од територијата, која и натаму е во урнатини по две години војна. Страните не се целосно усогласени околу одредбите од планот.

Хамас соопшти дека ќе го предаде оружјето само доколку се воспостави палестинска држава. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска се сретна со претставници на политичкото биро на Хамас во Анкара, за да разговараат за примирјето во Газа и за напредокот кон втората фаза од договорот, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи.

Според истиот извор, претставниците на Хамас му рекле на Фидан дека ги исполниле обврските од договорот за прекин на огнот, но дека континуираното израелско таргетирање на Газа има цел да го спречи преминот на договорот во следната фаза. Тие, исто така, изјавиле дека хуманитарната помош што влегува во Газа не е доволна и дека недостигаат стоки како лекови и гориво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ