четврток, 18 декември 2025

Москва: Експлозија во продавница за играчки, најмалку едно лице загина (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина во експлозија на плинска боца во една од најпознатите продавници за играчки во Москва, пренесуваат руските државни новински агенции.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата се случила во Централната детска продавница, позната на Русите со генерации како Детски свет.

Продавницата се наоѓа на познатиот плоштад Лубјанка, во непосредна близина на седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСБ), агенцијата што го наследи КГБ од советската ера.

Цела зграда во која покрај продавницата за играчки се наоѓаат и бројни ресторани, продавници и кино, веднаш била евакуирана, потврдија медиумите. Според првите неофицијални информации објавени од каналот на Телеграм „Меш“, експлодирала боца со хелиум.

Според податоците на Министерството за здравство на руската престолнина, од тројцата повредени, двајца се хоспитализирани, а на едно лице му била укажана медицинска помош на местото на настанот.

Според ТАСС, службите за итни случаи ја опколиле зградата по нејзиниот периметар, сообраќајот во тој дел од градот е ограничен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ