четврток, 1 јануари 2026

Експлозија во бар во скијачко одморалиште во Швајцарија, десетици мртви (ФОТО+ВИДЕО)

Повеќе лица загинаа, а има и повредени, по експлозија во бар за време на новогодишна забава во елитното скијачко одморалиште Кран-Монтана, во југозападна Швајцарија, соопшти денес швајцарската полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повикyвајќи се на полицијата, Скај њуз пренесе дека во инцидентот загинале најмалку десет лица, додека некои локални медиуми наведуваат дека бројот би можел да биде значително поголем – четириесетина.

Портпаролот на полицијата одби да го потврди бројот на жртвите, но изјави дека многу луѓе се лекуваат поради изгореници.

Во моментот на експлозијата, во барот имало повеќе од 100 луѓе, изјави портпаролот на полицијата.

Пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ во барот „Ле Констеласјон“ во Кран-Монтана, каде што полицијата, пожарникарите и спасувачките служби биле ангажирани да им помогнат на жртвите.

Подрачјето е целосно затворено, а над Кран-Монтана е воведена забранета зона за летање, соопшти полицијата, додавајќи дека причината за експлозијата сè уште не се знае.

Фото: ЕПА

Швајцарските власти соопштија дека инцидентот се смета за пожар, а не за напад.

Оваа потврда дојде откако полицијата претходно за Скај њуз изјави дека настанот не се третира како терористички чин.

Според претходни извештаи на швајцарскиот медиум Блик, причината можеби била поврзана со пиротехника користена за време на концертот.

Властите исто така потврдија дека меѓу настраданите има и државјани на други земји.

Точните националности засега не се објавени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ