среда, 7 мај 2025

Експлозија пред седиштето на железничката компанија во Атина, се сомнева дека е бомба

Пред седиштето на грчката железничка компанија Хеленик трејн во Атина вечерва имало експлозија, за која се сомнева дека потекнува од бомба, и засега нема информации за евентуални жртви.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата кај местото на експлозијата поставила кордон, долж една од главните авении во престолнината на Грција, чии жители велат дека слушнале силна експлозија.

Локалните медиуми јавуваат дека непосредно пред тоа еден весник добил анонимна дојава дека пред седиштето на железничката компанија е поставена бомба.

Грците се многу гневни поради страшната железничка несреќа од 2023 година во која загинаа десетици луѓе, а која се случи кога директно се судрија товарен и патнички воз движејќи се еден кон друг на истиот колосек, на кој стигнале поради човечка грешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ