понеделник, 9 март 2026

Експлозија на влезот на американската амбасада во Осло, нема жртви

Експлозија се случила ноќеска на влезот на американската амбасада во Осло, при што нема жртви и е причинета помала материјална штета, соопшти норвешката полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата се случи околу еден час по полноќ, соопшти полицијата, додавајќи дека засега нема информации кој ја активирал, пренесуваат француските медиуми.

Јавната телевизија НРК ја пренесе изјавата на командантот на полицијата дека во експлозијата е погодила влезот на конзуларниот оддел на амбасадата и дека штетата е мала.

„Нема да ја коментираме природата на штетата, што експлодирало, ниту други слични детали, освен дека се случила експлозија“, изјави командантот на полицијата Михаел Делмер, додавајќи дека истрагата е сè уште во почеток.

Полицијата во Осло не соопшти дали инцидентот е поврзан со војната на Блискиот Исток.

Американските амбасади на Блискиот Исток беа ставени во состојба на максимална готовност по почетокот на американско-израелските воени операции против Иран пред девет дена, а неколку од нив беа цел на напади како одговор на Иран врз индустриски и дипломатски цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ