петок, 6 март 2026

Експлозии над Техеран: Израел почна нов бран напади врз Иран (ВИДЕО)

Експлозии го осветлија небото и чад го обви Техеран, додека државните медиуми јавија дека била погодена прометна трговска улица, неколку часа откако Израел соопшти дека започнал „широк бран напади“ таму, пренесе Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел во текот на ноќта почна бран напади врз иранската престолнина Техеран, при што небото се осветли од силните експлозии, што може да се види и на видеата што масовно се споделуваат на интернет.

На снимката се слушаат две лица надвор од кадар како зборуваат за нападите со препознатлив техерански акцент, вели Си-ен-ен, опишувајќи ја конкретната област за која тврдат дека била погодена.

„Кон Пастер! Удрија во тој правец“, вели еден маж, мислејќи на Пастер, кварт во кој се наоѓаат неколку клучни државни институции. „Седи, седи, блиску се“, додава тој.

Видеото почна да кружи на иранските социјални мрежи во раните утрински часови во петокот, среде извештаите за силни бомбардирања над Техеран.

Друга снимка од Техеран од утрово покажува големи облаци сив чад што се издигнуваат над градот по извештаите за интензивни бомбардирања во текот на ноќта. Државните медиуми јавија дека била погодена и Авенија Џомхури, популарна трговска улица и една од најпрометните во центарот на Техеран.

Израел, кој го напаѓа Иран од саботата, соопшти дека преминува во следна фаза од оружениот конфликт.

„Во оваа фаза дополнително ќе го демонтираме режимот и неговите воени капацитети“, изјави началникот на Генералштабот Ејал Замир.

Тој најави и „дополнителни изненадувања“ во идните операции во Иран, без да прецизира на што се однесуваат.

Во меѓувреме, Иран почна напади врз цели во земјите од Персискиот Залив, вклучително и американски воени бази и дипломатски објекти, како одговор на американските и израелските воени напади во Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ