Во далечната 1936 година, главниот скулптор Гуцон Борглум предупредил дека каменот не е погоден за додавање петта глава, што го потврдуваат современите инженери, пренесува Ен-би-си њуз.
„Тоа едноставно не е можно. Секоја нова резба може да ги загрози постојните пукнатини“, изјави Пол Нелсон, пензиониран инженер кој работеше на надгледување на карпестите споменици.
Иако републиканските конгресни претставници предложија закон со кој Трамп би се додал на споменикот, Службата за национални паркови одби да коментира за предлогот.
Слични иницијативи постоеја и порано – по смртта на поранешниот претседател Роналд Реган или за време на поранешната прва дама Елеонор Рузвелт, која се залагаше за вклучување на суфражетата Сузан Б. Ентони, која била членка на активистичка женска организација на почетокот на 20 век и се борела за правото на глас на жените, но предлозите биле одбиени од истите причини.
„Големата уметност не се менува. Прекрасно е да се шпекулира, но тоа не може да се направи“, рече поранешниот надзорник на споменикот, Ден Венк.






