Во пост на социјалните мрежи, Ел Барадеј предупреди дека ставот на американскиот претседател може да го претвори регионот во „огнена топка“.
„Ве молам, уште еднаш, направете сè што е во ваша моќ пред овој лудак да го претвори регионот во огнена топка…“ напиша тој на платформата Икс.
الى حكومات الخليج :
رجاءا مجددا القيام بكل ما في وسعكم قبل ان يقوم هذا المعتوه بتحويل المنطقة إلى كرة من لهب … https://t.co/r5esCaDODZ— Mohamed ElBaradei (@ElBaradei) April 4, 2026
Потегот на Ел Барадеј ги нагласува стравувањата дека ситуацијата може да се претвори во катастрофална регионална војна ако дипломатијата не успее.
Трамп му даде рок на Иран до 6 април или да склучи мировен договор или повторно да го отвори Ормускиот теснец, предупредувајќи на ужасни последици ако не се придржуваат до барањата.
„Времето истекува. Уште 48 часа пред пеколот да им се урне на главите“, напиша Трамп на мрежата Трут соушал.
Неговите закани вклучуваат таргетирање на иранските електрани, нафтени постројки и постројки за десалинизација, што потенцијално ќе ја осакати економијата и инфраструктурата на Иран.
Ормускиот теснец, премин за околу 20 проценти од глобалните залихи на нафта и течен природен гас (ЛНГ), беше затворен од страна Иран кон крајот на февруари, предизвикувајќи скок на цените на енергијата и прекини во снабдувањето.
Експертите предупредуваат дека секој воен обид за присилно отворање може да биде ризичен, со оглед на тесните поморски линии и капацитетите на Иран за ракети и беспилотни летала. Продолженото затворање може да предизвика сериозни економски последици низ целиот свет, со потенцијален недостиг на гориво и скокови на цените.






