петок, 18 јули 2025

Египет ќе пренасочи дел од водата од Нил во пустината и ќе создаде нови полиња

Египет најави дека има намера да пренасочи околу седум отсто од водата од Нил кон проширување на обработливо земјиште и урбанизација на областа по должината на делтата на реката.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во 2021 година, Каиро објави план за засадување „стратешки“ земјоделски култури како пченица, пченка и зеленчук на нова земјоделска површина од речиси половина милион хектари, според министерот за земјоделство Ал Сајед Ал Кусаир за време на презентацијата на проектот „Нова Делта“.

Покрај претворањето на пустината западно од Нил во обработливо земјиште, целта на проектот е и да се отстранат ефектите од неконтролираната градба.

Каиро сега ги презеде првите конкретни чекори кон имплементација, истакнувајќи меѓу своите цели зголемување на вредноста на државниот имот и зголемување на цените на земјиштето со „нетрадиционални, иновативни идеи“, според зборовите на премиерот Мостафа Мадбули во изјава објавена во неделата.

Проектот вклучува пренасочување на околу 10 милиони кубни метри вода дневно од Нил за наводнување на земјоделска површина од речиси еден милион хектари.

На околу 42 километри западно од Каиро, градот Јириан треба да никне на површина од 6,8 милиони квадратни метри, според најавата на инвеститорите.

Планот е да се изградат станови, комерцијална зона и пристаниште за јахти и да се формира слободна економска зона.

Договорот за реализација на проектот го потпишаа три приватни инвеститори и воената агенција „Мостакбал Миср“ за одржлив развој во име на египетската држава. Имињата на приватните инвеститори не беа откриени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ