Полицијата синоќа го уапсила 30-годишниот маж од Ванкувер на местото на инцидентот, опишувајќи дека имал „значителна историја“ на интеракции со властите во врска со менталното здравје. Тие соопштија дека нема докази за тероризам.
„Ова е најмрачниот ден во историјата на нашиот град“, кажа привремениот началник на Ванкувер Стив Раи на конференција за новинарите.
Тој кажа дека десетици луѓе се повредени, некои сериозно, и предупреди дека бројот на загинатите може да расте во следните денови и недели.
Повеќе од 100 полицајци се придружиле на истрагата откако локални функционери соработувале со покраинските и сојузните власти во пружањето поддршка.
Пораки на сочувство и поддршка пристигнале од целиот свет.
Нападот во саботата ноќта се случи два дена пред сојузните избори во Канада кои се одржуваат утре. Кампањата на канадскиот премиер Марк Карни беше одложена утринава, но тој ја продолжи кампањата откако даде изјава во која ѝ изрази сочувство на филипинската заедница во таа земја.
„Семејства минатата ноќ изгубија сестра, брат, мајка, татко, син или ќерка. Тие семејства го живеат кошмарот на секое семејство“, им кажа тој на новинарите. „Им се придружувам на сите Канаѓани во жалоста„.
Повеќе од 12 часа по инцидентот, полицијата сè уште не го знаеше мотивот за нападот на фестивалот. Осомничениот бил фатен и задржан од посетители на фестивал до пристигнувањето на полицијата, кажале сведоци.