недела, 14 декември 2025

Џеј Ди Венс: Москва сака територија, Киев безбедносни гаранции

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс изрази внимателен оптимизам во врска со решавањето на конфликтот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за ТВ ОАН, Венс објасни дека преговорите за Украина се сведени на две клучни прашања – територијални и безбедносни гаранции.

„Едно од нив е територијално. Русите сакаат околу 6.000 квадратни километри кои сè уште не ги освоиле со воена сила. Тоа е она што го сакаат Русите“, кажа тој.

Украинците, од друга страна, сакаат безбедносни гаранции – без разлика дали од Европа или од некој друг – затоа што им требаат гаранции дека ако постигнат договор, Русите нема да се вратат за неколку месеци или години со нови барања, додаде тој.

Венс оцени дека „е постигнат неверојатен напредок само со истакнување и дефинирање на овие две клучни прашања“.

„Вистинското прашање е дали Русите и Украинците се подготвени да поминат низ вратата на мирот што ја отвори претседателот (на САД Доналд Трамп)“, додаде тој. „Мислам дека ќе има мирно решение. Прашањето е дали ќе биде потребна уште една година или уште еден месец, дали уште сто илјади или милион луѓе, не дај Боже, ќе умрат во тој процес“.

„Нашата порака и до руската и до украинската страна е следнава: тоа не е во ваш интерес. Тоа не е во наш интерес. Мирот е во интерес на сите“, заклучи Венс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ