вторник, 9 декември 2025

Двојно убиство во Црна Гора, се трага по убиецот

Безживотните тела на маж и жена беа пронајдени синоќа во стан во центарот на Никшиќ, а постои сомнеж дека станува збор за двојно убиство. Телата биле пронајдени во стан во центарот на Никшиќ. По сторителот се трага, пишува српски Телеграф.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Полициските службеници на Регионалниот центар за безбедност Запад, Одделението за безбедност Никшиќ, синоќа околу 19.20 часот биле известени од член на семејството дека лицето М. П. (74) не се јавува на телефонските повици и дека со него не воспоставиле контакт веќе два дена“, се наведува во соопштението. Како што истакнува полицијата, веднаш биле преземени мерки за пронаоѓање на М. П., по што полициските службеници лоцирале стан, кој бил заклучен.

„Во согласност со законските овластувања, полициските службеници влегле во внатрешноста на станот каде што го затекле безживотното тело на М. П., како и безживотното тело на М. В. (41) со видливи повреди за кои се сомнева дека се нанесени со употреба на ладно оружје, поточно нож. Изнајмениот стан го користела М. В.“, додава полицијата.

Со настанот веднаш бил запознаен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој заедно со полициските службеници извршил увид. Полицијата го открила идентитетот на сторителот и интензивно се работи на негово лоцирање и апсење, се наведува во соопштението.

Како што додаваат, мотивот за тешкото злосторство им е познат на надлежните. „Имајќи ја предвид тежината, но и приватните околности на оштетените лица и сторителот, во оваа фаза од постапката не можеме да изнесуваме повеќе детали“, соопшти полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ