понеделник, 15 декември 2025

Движењето на неврзаните ја нарече израелската војна во Газа илегална и ги осуди нападите врз Палестинците

Шефовите на држави или влади на Движењето на неврзаните ја нарекоа воената кампања на Израел во Појасот Газа „нелегална“ и остро ги осудија неселективните напади врз палестинските цивили, цивилната инфраструктура и принудното раселување на палестинското население.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи на прекин на огнот, кој е очајно потребен за да се овозможи хуманитарната помош да стигне до Појасот Газа, Движењето во заедничка изјава повика на решение со две држави, врз основа на границите пред 1967 година, кога Израел ги окупираше Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим во кратката војна со соседните арапски држави.

Групата, исто така, ја повтори поддршката палестинската држава да биде примена во Обединетите нации за да го заземе местото што ѝ припаѓа меѓу заедницата на народи.

Движењето на неврзаните, формирано за време на колапсот на колонијалните системи и во екот на Студената војна, одигра клучна улога во процесите на деколонизација, се вели на неговата веб-страница. Земјите-членки претендираат да не бидат формално усогласени со или против некој голем блок.

Деведесет претставници, вклучително и 30 шефови на држави, од 120 земји-членки на Движењето учествуваа на еднонеделната конференција во главниот град на Уганда, Кампала. Средбата кулминираше со Самитот во петокот и саботата.

Во соопштението на Неврзаните се наведува дека земјите -членки се многу загрижени поради постојаното влошување на ситуацијата на теренот и хуманитарната криза во Газа. Движењето го осуди континуираното градење и проширување на израелските населби низ палестинските територии, како и во окупираната Голанска висорамнина грабната од Сирија.

Движењето го привлече вниманието на меѓународната заедница, особено на Советот за безбедност на ОН.

„За таа цел, крајно време е да ѝ се стави крај на оваа грозоморна (израелска) окупација, која продолжува да се наметнува со флагрантно кршење на меѓународното право и да се обезбеди спроведување на безброј релевантни резолуции на Генералното собрание и Советот за безбедност“, се вели во соопштението.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на Самитот рече дека одбивањето да се прифати решението со две држави за Израелците и Палестинците и негирањето на правото на државност на палестинскиот народ е неприфатливо.

Тој го поддржа ставот на Неврзаните, со кој се бара реформа на Советот за безбедност.

„Вашето Движење долго време ги потенцираше системските недостатоци на Советот и потребата од реформи за Советот да биде вистински ефикасен и репрезентативен. Како можеме да прифатиме дека африканскиот континент сè уште нема еден постојан член на тоа тело?“, праша Гутереш.

Гутереш рече дека убиството на 152 члена на персоналот на ОН во Газа е обесхрабрувачко, а дека нападот на Хамас врз Израел и уништувањето на Газа од страна на израелската војска за 110 дена се без преседан за време на неговиот мандат како генерален секретар на ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ