Во регионот Запорожје, меѓу загинатите е деветгодишно девојче, а во бомбардирањето е повредено 16-годишно момче, напиша на Телеграм шефот на регионалната администрација, Иван Федоров.
Тој додаде дека во нападот биле уништени неколку згради во селото недалеку од линијата на фронтот.
Цел на нападот беа и градовите Херсон, каде што беше убиена уште една жртва, како и Харков.
Руската страна соопшти дека во нападите со украински беспилотни летала синоќа на Курската област се повредени најмалку 10 лица.