Двајца припадници на Националната гарда беа застрелани во близина на Белата куќа во средата попладне, изјави Кристи Ноем, министерка за внатрешна безбедност. Локалната полиција соопшти дека еден осомничен е во притвор.
Десетици екипи за итни случаи и полициски возила беа собрани на аголот од улица во близина на влезот на хотел северозападно од Белата куќа. Локалната полиција опколи неколку блока од околното подрачје додека екипите за итни случаи ја негуваа жртвата, која беше ставена во амбулантно возило со раскрвавени уста и нос.
„Белата куќа е запознаеба и активно ја следи оваа трагична ситуација. Претседателот е информиран“, изјави Каролин Ливит, портпаролката на Белата куќа. Претседателот Трамп е во Флорида.
Сведоци што ја слушнале пукотницата за Њујорк тајмс рекле дека слушнале околу два истрела, а потоа и бараж од истрели еден по друг.
Претседателот Трамп, кој е во Палм Бич, Флорида, за време на празникот Денот на благодарноста, штотуку објави на социјалните мрежи за пукањето во Вашингтон.
„Животното што ги застрела двајцата припадници на Националната гарда, при што двајцата се критично ранети, а сега се во две одделни болници, е исто така тешко рането, но без оглед на тоа, ќе плати многу висока цена“, напиша тој. „Бог да ја благослови нашата голема Национална гарда и сите наши војници и органи за спроведување на законот. Ова се навистина одлични луѓе. Јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, и сите поврзани со Канцеларијата на претседателството, сме со вас!“
Белата куќа првично била ставена под тревога позната како црвена состојба, што означува потенцијална закана по животот. Тоа ниво сега е намалено на портокалово, што означува „висок ризик“, но не мора да значи дека е опасно по живот. Припадниците на Тајната служба се во состојба на готовност за преместување на луѓе доколку е потребно.






