петок, 19 декември 2025

Двајца мажи во Турција завршија во притвор поради шега за исламот

Турските власти вчера вечерта наредија притвор на двајца мажи во исчекување на судењето откако обвинителите тврдеа дека нивната онлајн-емисија содржи шега поврзана со хадисот, односно учењата на пророкот Мухамед, за која веруваат дека може да поттикне верска омраза, пишува Ројтерс.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Истанбулскиот суд нареди притвор на јутјуберот Богач Сојдемир, водител на програмата „Согук Савас“, и неговиот гостин, раперот Енес Акѓундуз, откако властите рекоа дека емисијата содржи шега за хадисот; „виното е мајка на секое зло“.

Обвинителите тврдат дека забелешката може да поттикне верска омраза, а двајцата мажи се извинија по емитувањето и вчера се изјаснија како невини пред судот.

Сојдемир рече дека немал намера да поттикне омраза, додавајќи дека го отстранил видеото штом бил известен за проблемот и се извинил на своите профили на социјалните мрежи. Тој нагласи дека тоа бил коментар од гледач што го прочитал во програмата, што погрешно го разбрал како игра на зборови.

Акѓундуз, исто така, отфрли каква било идеја за намерна навреда, велејќи дека нивниот разговор бил погрешно протолкуван. Тој додаде дека шегата всушност била коментар од гледач, кој тој го сфатил како едноставна шега и го прочитал во програмата, и призна дека требало да размисли повнимателно.

Случајот доаѓа по притворањето на четворица карикатуристи од сатиричниот неделник Леман поради карикатура за која се верува дека ги прикажува пророците Мухамед и Мојсеј, што претседателот Таип Ердоган го опиша како „одвратна провокација“, заклучува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ