понеделник, 15 декември 2025

Два силни земјотреси го погодија крајниот исток на Русија (ФОТО+ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Русија, во близина на источниот брег на Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Епицентарот на посилниот земјотрес бил регистриран на длабочина од 20 километри, 133 километри источно од Петропавловск Камчатски.

ЕМСЦ наведува дека постои ризик од цунами.

Друг земјотрес во истата област, со јачина од 6,7 степени, беше регистриран 20 минути претходно.

Според изјавите на сведоци од места во Камчатка, кои беа објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, првиот земјотрес бил почувствуван „прилично забележливо и долго време“, додека вториот земјотрес бил опишан како „катастрофа“, по што луѓето истрчале од своите куќи.

Руското регионално Министерство за вонредни ситуации соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, надлежните служби ја следат состојбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ