четврток, 12 март 2026

Дрон се заби во луксузен облакодер во Дубаи (ВИДЕО)

Неидентификуван дрон синоќа оштетил луксузен облакодер во Дубаи, во областа Дубаи Крик Харбор, соопштија локалните власти.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението на канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи, дронот во текот на ноќта паднал врз зградата во овој луксузен крајбрежен дел од градот, северно од центарот. По ударот избувнал пожар, кој пожарникарите брзо го изгаснале. Во инцидентот нема повредени.

Засега не е познато од каде дошол дронот ниту што ја предизвикало несреќата.

Инцидентот се случува во време на зголемени тензии во регионот. Во текот на ноќта Иран изведе нови напади врз цели во Ирак, Бахреин и Оман, што предизвика пожари на повеќе енергетски постројки и пристаништа. Во близина на јужното пристаниште Басра биле запалени два танкера, поради што властите привремено го запреле работењето на нафтените терминали во земјата. Поголем дел од екипажот бил спасен, но едно лице загинало.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ