среда, 11 март 2026

Драстично падна извозот на енергенси од Блискиот Исток

Министрите за енергетика на земјите од групата Г7 се повлекоа пред одлуката за ослободување на нафта од стратегиските резерви, со предупредување на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дека извозот на енергенси од Блискиот Исток е намален на 10 проценти од предвоените нивоа поради блокадата на Ормускиот теснец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нивните колеги од министерството за финансии заклучија во понеделникот, според зборовите на францускиот министер Ролан Лескир дека „координацијата е клучна бидејќи конфликтот може да биде од локална природа, но има глобални последици“.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран пред десет дена, а Техеран возврати со лансирање ракети кон Израел и кон американските бази во земјите долж Персискиот залив. Иранската морнарица објави дека ја презела контролата врз Ормускиот теснец поради војната, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со САД, Израел и европските земји.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ги повика членките на Г7 координирано да пласираат нафта од резервите, според јапонскиот министер за финансии Сацуки Катајама. „Се согласивме дека, доколку е потребно, ќе ги користиме сите потребни алатки за стабилизирање на пазарот, вклучително и евентуално отпуштање на потребните залихи“, изјави францускиот министер за финансии Роланд по состанокот.

Владите внимателно ја следат ситуацијата и во моментов нема проблеми со снабдувањето ниту во Европа ниту во САД, додаде Лескир.

Во вторникот ИЕА беше домаќин на состанок на кој се собраа министрите за енергетика на Г7.

Ситуацијата на пазарите на нафта се влоши во последните денови, со „предизвици“ во транзитот низ Ормускиот теснец и значително намалено производство во регионот, изјави извршниот директор на ИЕА Фатих Бирол, според соопштението на веб-страницата на агенцијата.

Таквата ситуација создава „значајни и растечки ризици за пазарот“, нагласи Бирол, додавајќи дека министрите за енергетика на Г7 „разговарале за сите достапни опции, вклучително и пристапот на пазарот до нафтените залихи од кризните резерви на ИЕА“.

Војната значително го намали транзитот на нафта низ Ормускиот теснец, а земјите во регионот на Персискиот залив моментално извезуваат помалку од десет проценти од нафтата и нафтените производи од периодот пред конфликтот, според извештај објавен во вторникот на веб-страницата на агенцијата.

Според ИЕА, просечно 20 милиони барели нафта и нафтени производи дневно поминале низ теснецот во 2025 година, што одговара на приближно една четвртина од светската трговија со нафта по море.

Извозниците во такви услови се принудени значително да го намалат производството на нафта и течен гас, додава агенцијата.

Алтернативните опции за извоз се ограничени бидејќи само Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати имаат нафтоводи со проценет капацитет од 3,5 милиони до 5,5 милиони барели дневно кои би можеле да го заобиколат Ормускиот теснец.

Според податоците за транзитот низ Ормускиот теснец во 2025 година, не постои алтернативен пат за испорака на повеќе од 110 милијарди кубни метри течен гас, заклучува ИЕА.

Прекините во транзитот ја загрозуваат испораката и на други стоки, првенствено вештачките ѓубрива, предупредува ИЕА, наведувајќи дека повеќе од 30 проценти од испораките на уреа и околу 20 проценти од азотните ѓубрива и фосфатите минуваат низ Ормускиот теснец.

Ваквата ситуација носи и ризик од зголемување на цените на храната и го доведува во прашање снабдувањето со прехранбени производи. Предупредуваат експертите.

Членките на ИЕА моментално чуваат повеќе од 1,2 милијарди барели нафта како стратегиски резерви, а уште 600 милиони барели чуваат компаниите, според законските обврски, истакна Бирол.

ИЕА објави дека свикала вонреден состанок на земјите-членки за да им презентира длабинска анализа на ситуацијата. Покрај 21-те членка на Европската Унија, групата вклучува уште 11 земји, вклучувајќи ги САД, Британија, Турција, Нов Зеланд, Јапонија, Канада и Австралија.

Британската министерка за финансии Рејчел Ривс во понеделникот изјави дека Лондон е подготвен да го поддржи ослободувањето на нафта од резервите. „Сите се подготвени да преземат мерки за стабилизирање на пазарот, вклучително и Соединетите Американски Држави“, изјави францускиот министер за финансии Ролан Лескир пред новинарите по состанокот на министрите за енергетика.

„Побаравме од ИЕА да разработи сценарија за евентуално ослободување на нафта од резервите, мора да бидеме подготвени за брза реакција“, додаде францускиот министер.

САД имаат најголеми стратегиски резерви во групата Г7, со вкупно 415,4 милиони барели нафта, според податоците од крајот на февруари. Јапонија е на второ место, со 260 милиони барели нафта на крајот на минатата година.

Германија, пак, чува 110 милиони барели нафта и 67 милиони барели готови нафтени производи, објави Министерството за енергетика. Франција, од друга страна, имала 97 милиони барели нафта во државни резерви на крајот на 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ