„Ова ќе биде негов последен ден, но не навистина, бидејќи тој секогаш ќе биде со нас, помагајќи ни на секој начин. Илон е одличен“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушл, објави Ројтерс.
Маск во средата објави дека се повлекува од функцијата во Белата куќа, каде што ја водеше Канцеларијата за владина ефикасност, која е одговорна за намалување на федералните трошоци, обезбедувајќи им на инвеститорите во Тесла, која е во негова сопственост, одредено олеснување откако акциите на компанијата паднаа оваа година, делумно поради негативните реакции на неговата поддршка за Трамп и десничарските партии во Европа.
Тој исто така неодамна вети дека ќе троши помалку пари за политика, откако минатата година издвои речиси 300 милиони долари за претседателската кампања на Трамп и другите републикански кандидати.
Маск претходно објави дека Канцеларијата за владина ефикасност ќе продолжи да работи во владата и рече дека верува оти нејзината мисија „само ќе стане посилна со текот на времето“.
Одлуката на Маск дојде еден ден откако тој изјави дека е „разочаран“ од предлог-законот за трошоци што републиканците во Претставничкиот дом го усвоија минатата недела, а кој Трамп го поддржа.