Полицијата употребила штитови, палки и солзавец за да ги спречи лекарите кои барале средба со премиерот. Здравствените работници се незадоволни од недостатигот на персонал, ниските плати и лошите услови за работа, објави Асошиејтед прес.
Мицотакис, придружуван од министерот за здравство Адонис Георгијадис, ја посети болницата во западна Атина за да присуствува на отворањето на ново одделение за онкологија и да го посети реновирано одделение за итни случаи.
“Σπρώχνετε τους υγειονομικούς…καθάρματα… Ντροπή… ντροπή σας… αλήτες, ναι ξευτιλισμένοι, ναι…, αίσχος, αίσχος…”
Απίστευτες σκηνές.
200 πάνοπλοι αστυνομικοί όλων των σωμάτων, επιστρατεύτηκαν για να προστατεύουν τον Μητσοτάκη και τον @AdonisGeorgiadi από τους γιατρούς… pic.twitter.com/aKWMOO6yt0— Areti Athanasiou (@AretiAthanasiu) October 15, 2025
„Тие мислат дека ќе им се заблагодариме затоа што ни должат 10.000 дена одмор. Мислат дека ќе им се заблагодариме затоа што нашите плати се замрзнати“, порача Јорго Сидерис, раководител на Здружението на болнички лекари на Атина и Пиреја.
Сидерис, доктор во болницата, предупреди дека неодамна 130 пациенти спиеле на носилки во ходниците поради пренатрупаност и дека итно се потребни дополнителни 125 медицински сестри „само за да се функционира на безбедно ниво“.
Новото онколошко одделение во болницата е изградено со средства од добротворна организација и се очекува да се грижи за повеќе од 20.000 пациенти годишно, што е зголемување од 41 отсто во споредба со 2019 година, соопшти кабинетот на премиерот.
За време на посетата Мицотакис објави дека редовното финансирање за Атикон се зголемило од 90 милиони евра на 150 милиони евра. „Бројот на персоналот исто така се зголеми, не на нивото кое би го сакале, но сепак инсистираме на овој голем напор за сеопфатно реструктуирање на Националниот здравствен систем“, истакна тој.






