понеделник, 15 декември 2025

Договор на Роскосмос и НАСА: Меѓународната вселенска станица останува во орбитата до 2028

Шефот на Роскосмос, Дмитриј Баканов, и администраторот на НАСА, Шон Дафи, денес разговарале за понатамошната работа на Меѓународната вселенска станица (ИСС), како и за заедничко истражување на Месечината и длабоката вселена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е прва средба на раководителите на вселенските агенции во четири очи од 2018 година. Страните разговарале за понатамошната работа на ИСС, соработката во рамки на лунарните програми, заедничкото истражување на длабоката вселена, како и за продолжување на соработката во други вселенски проекти, се наведува во соопштението на Роскосмос.

„Соработката меѓу руската вселенска индустрија и НАСА трае веќе 50 години од мисијата Сојуз-Аполо. Денес го продолжуваме нашето партнерство во програмата ИСС, разговарајќи за нови проекти. Ќе вложам максимални напори да го одржам овој канал на соработка меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, а истото го очекувам и од НАСА“, изјави Дмитриј Баканов по средбата.

Шефот на Роскосмос изјави дека постигнал договор со вршителот на должноста директор на НАСА за работењето на Меѓународната вселенска станица до 2028 година.

Меѓу темите за кои се разговарало е продолжувањето на програмата за вселенски летови, како и активностите на руско-американската работна група за идното безбедно деорбитирање на ИСС и „потопувањето“ на станицата.

Покрај тоа, Дмитриј Баканов и Шон Дафи се осврнале на прашањето за истражување на длабоката вселена, вклучително и на Месечината, и ја истакнале важноста на продолжување на дијалогот и соработката во сегашната ситуација.

„Разговаравме за единствената соработка меѓу двете земји, која трае веќе многу години, за потребата да го продолжиме нашето партнерство, сакаме да продолжиме напред“, кажа Шон Дафи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ