недела, 6 април 2025

Додик: Вучиќ ме извести дека Интерпол го одбил барањето за црвена потерница

Претседателот на Република Српска Милорад Додик кажа дека добил информација од претседателот на Србија Александар Вучиќ дека Интерпол го одбил барањето на Судот на Босна и Херцеговина за распишување црвена потерница по него и претседателот на собранието на РС Ненад Стевандиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тукушто ми се јави претседателот Вучиќ да ми соопшти дека добил известување од директоратот на Интерпол дека е уважена жалбата на Србија и дека Интерпол го одбил барањето на Судот на БиХ за распишување црвена потерница по Стевандиќ и по мене“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.

Тој му се заблагодари на Вучиќ на поддршката и „јасната и принципиелна комуникација“ со Интерпол.

„Му благодарам и на премиерот на Унгарија Виктор Орбан, како и на претседателите на сите останати држави кои упатија жалба разбирајќи ја политичката заднина на судскиот прогон на кој сум изложен“, додаде тој.

По Додик е распишана потерница во Босна и Херцеговина, а Судот на БиХ побара распишување и потерница на Интерпол.

Прво Србија упати приговор до Интерпол на тоа барање, а по неа истото го направи и Унгарија.

Судот на БиХ на 27 март наведе дека распишувањето на меѓународна потерница ден претходно побарало Обвинителството на БиХ, кое Додик и Стевандиќ, како и претседателот на владата на РС Радован Вишковиќ ги терети за „напад на уставниот поредок на БиХ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ