„Тие сакаат да нè остават без држава и без иднина. Некој им ја наменил на Србите судбината на Курдите“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Тој оцени дека „не е случајно што целта се (претседателот на Србија) Александар Вучиќ и Милорад Додик“.
„Можеме да се одбраниме од оваа нова „Олуја“ што се надвиснува над српскиот народ само со национално единство. Еден народ, една држава, Србија и Република Српска“, напиша Додик.
Денес, Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја потврди првостепената пресуда против Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење јавна функција поради неспроведување на одлуките на високиот претставник на Западот во Босна и Херцеговина.
На таа пресуда не постои можност за жалба.






