понеделник, 31 март 2025

Додик седна до Нетанјаху, веднаш го отстранија

Претседателот на Република Српска Милорад Додик на социјалната мрежа Икс објави фотографии и видеа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претставувајќи го како резултат на важна дипломатска средба.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Но на снимките од конференцијата во Ерусалим се гледа како Додик му приоѓа на израелскиот премиер во моментот на пристигнувањето на Нетанјаху, подавајќи му рака и, навидум без да биде поканет, седнува веднаш до него, а потоа доаѓа човек од организацијата и го отстранува.

Додик ја напушти конференцијата за антисемитизам во Ерусалим, на која присуствуваше, по само еден час.

Според Џерусалим пост, израелските власти јасно му кажале дека неговото присуство е деликатно од дипломатска гледна точка, а Додик потврдил дека организаторите на конференцијата за борба против антисемитизмот што се одржува во Ерусалим на собирот практично го прогласиле за персона нон грата, поради што бил принуден да си замине.

„Дојдов во Израел да зборувам против антисемитизмот. Наместо тоа, се чувствував непожелно – како гостин што се чувствува како натрапник“, изјави Додик за Џерусалим пост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ