сабота, 21 јуни 2025

Додик се сретна со Шојгу во Москва: Колективниот Запад повеќе не може да наметнува свои правила

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска во Москва се сретна со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Додик и Шојгу претходно денеска учествуваа на Меѓународната конференција на високи претставници за безбедносни прашања во Москва, пренесува Срна.

Претседателот на Република Српска на собирот нагласи дека се создава нова рамнотежа на моќ на глобално ниво и дека колективниот Запад повеќе не може да ги наметнува своите правила.

„Денес е очигледно дека колективниот Запад повеќе нема сила да ги наметнува своите правила“, истакна Додик. Тој додаде дека од падот на Берлинскиот ѕид Западот го земал принципот на безбедност само за себе.

„Тоа е познат концепт, но ново е што сега е на глобално ниво. За прв пат, Западот е само еден столб на моќ. Земјите од БРИКС почнаа да ја создаваат таа рамнотежа и се создава нов безбедносен систем“, изјави Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ