недела, 13 јули 2025

Додик: Република Српска им вели „не“ на мигрантите од ЕУ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, побара од Народното собрание на РС да отфрли какви било договори за прифаќање мигранти од трети земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Република Српска треба „да дејствува превентивно и да усвои одредени мерки“ по најавата на владата на Велика Британија и некои земји од Европската Унија, изјави Додик за РТРС.

Лондон веќе некое време преговара за формирање „прифатни центри“ за мигрантите чии барања за азил се одбиени во Британија и кои не можат да се вратат во своите земји на потекло.

„Поентата е дека во Босна и Херцеговина треба да има над 50.000 мигранти, а тоа е неприфатливо, бидејќи го загрозува нашиот секојдневен живот и безбедноста“, истакна Додик.

Тој оцени дека постои голема опасност овие мигранти да се поврзат со радикални групи, вахабисти или оние што дошле во БиХ од боиштата во Сирија.

„На крајот на краиштата, дури ни големиот Запад не беше во можност точно да утврди кој во тоа време имал безбедносно сомнителни биографии, но ги примаа без никакви контроли, а сега ќе ни ги доставуваа нам, лица опасни за безбедноста кои тука дополнително би ја дестабилизирале ситуацијата“, рече Додик.

Тој побара од собранието на Република Српска да „го разгледа прашањето и да извлече заклучоци и да го изнесе јасен став на РС“ дека не прифаќа никакви одлуки или договори со влади на трети земји за прифаќање мигранти.

Иако темата е важна, нема потреба да се свикува посебна седница на собранието на РС за тоа, туку да се стави високо на дневен ред во рамките на редовната седница, смета  претседателот на РС.

Премиерот на РС, Радован Вишковиќ, веќе изјави дека британскиот предлог е апсолутно неприфатлив.

„Никогаш нема да дадеме согласност за нешто такво“, кажа тој во понеделникот, додавајќи дека „доволно зборува фактот што овие мигранти се означени како непожелни во земјите што нам ни наметнуваат што треба да правиме “.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ