четврток, 10 април 2025

Додик: Република Српска е подготвена да се приклучи на воениот сојуз на Србија и Унгарија

Претседателот на Република Српска (РС) денеска во Бања Лука изјави дека ентитетот во Босна и Херцеговина (БиХ) е подготвен да се приклучи на воениот сојуз на Србија и Унгарија и оцени дека РС има право на тоа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на тоа што има значителни полициски капацитети, РС може да побара статус на прием во тој договор денес. Ние можеме да бидеме набљудувачи, можеме да бидеме членка, можеме да бидеме само соработници во безбедносните или некои други разузнавачки прашања“, рече Додик на тематската седница на Владата на РС што се одржа за проценка на политичката и безбедносната ситуација во БиХ.

Тој најави дека РС ќе бара и потпишување на договор за специјални односи со Унгарија.

Тој исто така рече дека „земајќи ја предвид целокупната ситуација поврзана со пропаѓањето на Дејтонскиот договор, сосема е природно РС како страна што ги потпиша сите анекси на Дејтонскиот договор да побара заштита на Дејтонскиот договор и нашата позиција од Србија и Хрватска, кои се потписници на рамковниот договор за мир во БиХ“.

Додик рече дека РС треба да побара од Русија, САД и Франција, како гаранти на Дејтонскиот договор, да го заштитат мировниот договор за БиХ.

Додик изјави дека РС не се откажува од европскиот пат на БиХ, но дека сите закони од европската агенда, кои се усвојуваат на државно ниво, мора да имаат одобрение од Народното собрание на РС.

Тој, исто така, рече дека РС го поддржува мандатот на ЕУФОР во БиХ се додека европските мировни сили дејствуваат непристрасно и во рамките на нивниот мандат.

„Ако ЕУФОР на кој било начин го надмине својот мандат, РС треба да ја отфрли мисијата на ЕУФОР“, рече тој.

Додик уште еднаш ги покани сите страни во БиХ на дијалог, наведувајќи дека РС е подготвена да ги одобри активностите на Судот и Обвинителството на БиХ и Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) на територијата на тој ентитет, но само во одредени случаи.

Тој го критикуваше Јавното обвинителство на Република РС, велејќи дека треба да се укине и да се формира ново.

„Тие повикаа да пукаат во МУП на РС, но никој не постапи според службените должности. Треба ли да поднесам пријави? праша Додик.

Додик рече дека РС е стабилна, дека не е безбедносна закана и дека е одржлива „во речиси невозможното политичко опкружување во Босна и Херцеговина“ и условите на меѓународните фактори.

Тој додаде дека РС има 500 милиони евра за функционирање оваа година, наведувајќи дека „тоа не се средства од ЕУ или некои други кои имаат затворен пристап до РС“.

Ова се пари „од пријателите кои ја разбираат нашата ситуација“, рече Додик, додавајќи дека РС има „подобри макроекономски показатели од Франција“.

Додик предложи Владата на РС да побара од заедничките институции на Босна и Херцеговина итно укинување на царините за стоките од САД и да се побара од САД да склучат договор за слободна трговија.

Во четвртокот, САД воведоа царина од 35 отсто за стоките од Босна и Херцеговина.

Додик оцени дека Европа „станува многу неуредно место“ и дека процесите од ЕУ се „доминантно негативни кон РС“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ