вторник, 9 декември 2025

Додик поднесе барање за откуп на затворската казна

Горан Бубиќ, адвокат на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес поднесе барање до Судот на Босна и Херцеговина неговиот клиент да плати парична казна од околу 18.700 евра, наместо едногодишна затворска казна.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На овој начин, Додик избегна Судот на Босна и Херцеговина да испрати документ до неговите адвокати со прецизен датум кога треба да се јави во затворот во Војковиќи, во источно Сараево, за издржување на казната.

За барањето на Бубиќ ќе одлучува Судот на Босна и Херцеговина, но пред да донесе одлука за сѐ мора да го информира Обвинителството, пренесува сараевскиот портал Рапорт.

Додик беше осуден и на шестгодишна забрана за политичка активност.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина денеска му го одзеде мандатот на Додик како претседател на Република Српска. Додик има право на жалба против оваа одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ