недела, 21 декември 2025

Додик: Побарав од Путин да не ја препушта Република Српска на милост и немилост на ЕУ

Лидерот на владејачката коалиција во Република Српска, Милорад Додик, изјави дека го замолил рускиот претседател Владимир Путин да не го остава тој дел од Босна и Херцеговина на милост и немилост на Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Моето барање беше претседателот Путин да не ја пропушта можноста кога склучуваат договори на светско ниво, и да не нè остават на некои третокласни бирократи од Брисел, да продолжат да нè мачат и да не ни дозволуваат да живееме“, изјави Додик за Раша тудеј за синоќешниот разговор со рускиот лидер.

Додик, кој се сретна со Путин синоќа во Сочи за време на годишната сесија на Меѓународниот дебатен клуб Валдај, кажа дека разговарале за ситуацијата во Босна и Херцеговина, која рускиот лидер ја опиша како сложена.

Во транскриптот на дел од нивниот разговор, кој беше објавен на веб-страницата на рускиот претседател, пишува дека Путин кажал дека Додик „прави многу на изградбата на односите со Русија“.

„Знам дека ситуацијата во вашата земја и регион не е едноставна, може да се каже дека е сложена. Би бил многу заинтересиран да ја чујам вашата проценка за тие околности“, му кажал Путин на Додик на почетокот од состанокот, додавајќи дека е „многу среќен“ што го видел.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина распиша вонредни избори за претседател на Република Српска за 23 ноември, откако Судот на БиХ на 18 август ја потврди својата одлука за одземање на претседателскиот мандат на Додик, врз основа на правосилна пресуда. Судот на Босна и Херцеговина го осуди Додик на една година затвор и шест години забрана за вршење функција поради неспроведување на одлуките на високиот претставник на Западот во Босна и Херцеговина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ