сабота, 17 мај 2025

Додик: Очекувам на мојата партија да ѝ забранат излез на изборите, се надевам на помош од Трамп

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик изјави денес дека очекува на неговата партија, на која високиот претставник на Западот за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит ѝ наметна финансиски санкции, да ѝ биде забрането учество на изборите планирани за 2026 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шмит вчера донесе одлука со која забрани средства од буџетот на кое било ниво на власта да му се даваат на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Додик и на партијата Обединета Српска, на чие чело е Ненад Стевандиќ, претседателот на парламентот на Република Српска.

Санкции се резултат на проценката дека овие две партии и нивните лидери го предводат нападот на уставниот поредок на БиХ и Дејтонскиот договор.

Додик денес на новинарите им кажа дека тој одлуките на високиот претставник не ги признава и власта на РС нема да ги применува, но потврди дека поради тоа очекува нови казнени мерки како тие на кои своевремено беше изложена Српската демократска партија поради нејзините врски со Радован Караџиќ.

„Сега сме ние на ред“, порача Додик.

Неговата претпоставка е дека Централната изборна комисија на БиХ ќе ја одбие пријавата на СНСД и УС за учество на општите избори кои би требало да се одржат во октомври следната година.

Во тој случај тој најави „уште поголем отпор на таквата окупација“.

Тој повторно го навредуваше Шмит тврдејќи дека високиот претставник нема овластувања за наметнување одлуки и закони и дека е потребна порешителна борба и упорност за тоа да се докаже.

„Тој е еден кретен кој мисли дека може самоволно да го уништи меѓународниот (Дејтонски) договор“, кажа Додик Високиот претставник го нарече и „фашист“.

„Бевме ние и вежбалиште за Хитлер и не ја гледаме на друг начин ни улогата на Шмит“, изјави Додик истакнувајќи дека се надева дека ќе добие помош од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ