„Наместо да ја фокусираат енергијата и волјата на реална проценка на ситуацијата, причините и последиците, уништувањето на веќе кревкиот демократски капацитет од страна на меѓународните актери, Германија и Франција тргнаа по скратен пат и на сила. Ниту едната, ниту другата, историски не дадоа резултати во Босна и Херцеговина“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Нон-пејпер, који су у дипломатски саобраћај пустиле Њемачка и Француска, показује да за 30 година, колико је прошло од потписивања Дејтонског мировног споразума, о БиХ водеће државе ЕУ нису научиле готово ништа.
Из погрешних претпоставки дошло се до погрешних закључака па ни…— Милорад Додик (@MiloradDodik) May 23, 2025
Во таканаречениот „нон-пејпер“, кој беше испратен до членките на Европската унија од Франција и Германија, се повикува на изолација на раководството на РС, како и воведување санкции – финансиски за ентитетот на БиХ и политички за неговите највисоки политички функционери.
„Овој „нон-пејпер“ е продлабочување на кризата, губење време и пари и уште еден авантуристички пристап кон Босна и Херцеговина“, рече Додик.
Во документот на Германија и Франција, според медиумите, пишува дека уставната криза во БиХ е „најтешкиот предизвик за суверенитетот, единството и функционалниот и територијалниот интегритет на БиХ во последните 30 години, од потпишувањето на Дејтонскиот договор“.
Се додава дека постапките и правните процеси, покренати во Република Српска по првостепената пресуда против нејзиниот претседател Милорад Додик, претставуваат „отворени напади врз уставниот поредок на БиХ“.
Беше наведено дека ова се однесува на усвоените закони со кои се забранува работењето на судските институции на Босна и Херцеговина и Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) на територијата на Република Српска, усвојувањето на нацрт-верзијата на новиот устав на тој ентитет и усвојувањето на Законот за заштита на уставниот поредок на Република Српска и таканаречениот закон за странски агенти.
Додик рече дека е сигурен дека „доколку на БиХ ѝ се посвети сеопфатно внимание во интерес на таа земја, а не за нејзините внатрешни политички потреби… решение ќе се најде во разговорите со домашните политички претставници“.
Тој изјави дека „нон-пејперот“ покажува дека во триесетте години што поминаа од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, водечките земји на ЕУ не научиле речиси ништо за Босна и Херцеговина.
Додик оцени дека „од погрешни претпоставки се донесени погрешни заклучоци, па дури и мерките за „надминување“ на кризата во БиХ не би можеле да бидат ништо друго освен погрешни“.