„Тоа добро го знаат и во Сараево поради што и ја форсираат таа приказна“, кажа Додик. А пренесува Радиотелевизија Србија.
Наведе дека РС е „определена за мир, но дека нема да дозволи одземање на имотот и надлежностите“.
„Сакаат да ми забранат да се бавам со политика и да не можам во следниот период да излегувам на избори. Тоа им е примарната цел, а крајната е имотот на РС. Поради тоа почнаа со напади на мене. Зборуваат дека се заканувам со сецесија, што не е вистина“, оцени Додик.
Тој истакна дека РС најмногу добила од Србија во времето на Александар Вучиќ.
„Од (Слободан) Милошевиќ до денес имав соработка со сите претседатели на Србија, а најмногу добивме од Александар Вучиќ“, истакна тој.
Тој наведе и дека „бројни пријатели во светот ја разбираат ситуацијата на РС“ и дека тој одговара само на народот кој го избрал.
„Република Српска никогаш немала ваков круг на пријатели. Со нас е Руската Федерација. со рускиот претседател Владимир Путин се видов 26 пати и повторно ќе се видам во мај“, истакна Додик, додавајќи дека не дозволил Босна и Херцеговина да ѝ воведе санкции на Русија.
Наведе дека за РС пријателски земји се и Израел и Унгарија.