четврток, 22 јануари 2026

Додик најави државни пекари, ќе се прави народен леб (ВИДЕО)

Милорад Додик, шефот на партијата СНСД и разрешен претседател на Република Српска, најави отворање државни пекари и можност за државна контрола на цените на пекарските производи. Тој ги критикуваше пекарите за несоодветно однесување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„И државата да ги контролира цените. Без оглед на тоа што велат Европејците, мислам дека ќе мора да го сториме тоа. Наскоро ќе се справиме со цените“, кажа Додик во гостувањето на телевизијата РТРС.

Тој ја спореди ситуацијата со ситуацијата во Србија, истакнувајќи ги разликите во цените и покрај сличните услови.

„Невозможно е лебот во Србија да биде една марка, а кај нас да биде две. Последица не може да биде да имате иста цена на пченицата во Србија, иста цена на пченицата во Република Српска, а потоа да имате поскапи производи поради транспорт и други работи. Но, тука имате пониски цени на електричната енергија отколку во Србија. Имаме и субвенции кои им ги даваме на производителите на пченица. И некаде треба да се изедначи со Србија“, наведе Додик.

Додик кажа дека ќе предложи основање државна компанија што ќе произведува „народен леб“.

„Кој сака да купува скап леб, нека плати колку што сака. Но, она што му припаѓа на народот, мора да го има по цената што ќе биде пропишана“, јасно кажа Додик.

Тој оцени и дека животот во Република Српска е подобар од порано и дека платите растат двојно побрзо од инфлацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ